Македонските репрезентативци Еди Шерифовски (категорија до 81 килограм) и Андреј Чакаровски (90 кг) ќе настапат на Европското првенство кое од 29 април до 1 мај ќе се оддржи во Софија, Бугарија. Согласно првичниот распоред, се очекува македонските џудисти да настапат вo сабота и недела.
Македонската делегација во Софија ќе ја предводат претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и селекторот Горан Мицкоски.
Покрај настапот на двајцата џудисти, престојот на првенството ќе биде искористен и за работен состанок помеѓу претседстелот на ЏФМ, Владимир Трпаноски и на претседстелот на Европската Џудо Унија Отто Кнеитингер. На работниот состанок кој е по покана на ретседстелот на Европската Џудо Унија Отто Кнеитингер ќе се дискутира за стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија како и организација на некој од следните големи европски натпревари во Македонија.