Втор пат во период од само еден месец џудо клубот Кожувчанка и градот Кавадарци ќе бидат домаќини на државно првенство во џудо. По јуниорите и јуниорките, оваа недела во Кавадарци ќе бидат крунисани и шампионите во кадетска конкуренција.

Првенството кое е во организација на џудо федерацијата на Македонија и техничкиот организатор, џудо клубот Кожувчанка ќе се одржи во недела, 17 април, во спортската сала Партизан со почеток од 11 часот, но и овој пат без присуство на публиката како дел од мерките за заштита од Ковид-19.

Право на учество имаат џудисти родени 2005, 2006, 2007 (U21) и една старосна категорија помлади 2008, 2009 кои ќе се натпреваруваат во 16 тежински категории, по 8 во машка и женска конкуренција.