Претседателот на ЏФСМ г-дин Владимир Трпаноски во советодавниот одбор на претседателот на ЕЏУ.

Со особено задоволство Ве известуваме дека претседателот на нашата Федерација, г-дин Владимир Трпаноски официјално е именуван за член на Советодавниот одбор на претседателот на Европската џудо унија.

Именувањето е потврдено со официјално писмо од претседателот на ЕЏУ, д-р Ласло Тот, од 28 септември 2026 година. Во писмото се истакнуваат посветеноста и придонесот на г-дин Трпаноски кон џудо спортот, како и уверувањето дека неговата стручност и ангажман ќе придонесат кон понатамошниот развој на џудото во Европа.

Ова именување претставува значајно меѓународно признание за неговата работа, но и чест за нашата Федерација и целокупната македонска џудо заедница. Воедно, тоа е поттик да продолжиме со заедничките заложби за развој и афирмација на македонското џудо.

Во име на целата федерација на претседателот Владимир Трпаноски му упатуваме искрени честитки и му посакуваме успешна работа.