Измените на правилата кои ќе важат во олимпискиот циклус 2022 – 2024 година ќе бидат главна тема на едукацискиот семинар за тренери и судии кој во недела, 10 април 2022 ќе се оддржи во Прилеп.
Томе Јосифоски, IJF континентален судија и Дејан Мицкоски, лиценциран тренер во улогата на предавачи ќе ги споделат со своите колеги тренери и судии сите промени кои беа претставени на семинарот за судии и тренери одржан во Лисабон, Португалија.
Покрај за едукација, семинарот ќе се искористи и за обновување на лиценци за џудо судии за тековната 2022 година за сите судии кои не беа во можност да присуствуваат на семинарот во одржан во Прилеп на 13.02.2022.
Семинарот ќе се одржи во просториите на училишниот дом „Орде Чопела“ на ул Самоилова 41, со техничка организација на Џудо клуб Сеишин од Прилеп.