Повеќе од 200 џудисти од 14 клубови од земјата ќе земат учество на државното првенство во џудо за сениори и помлади пионери и пионерки кое во недела, 3 април ќе се оддржи во спортската сала Нико Нестор во Струга.

На првенството кое е во организација на џудо федерацијата и техничкиот организатор џудо клубот Дрим, своето учество го потврдија џудо клубовите Ипон, Супер Џудо, Работнички, Кожувчанка, Преспа, Пролетер, Дрим, Миоки, Санкаку, Сеишин, Гладијатор, Пелистер и Мастер.

Како и претходното првенство за јуниори и јуниорки, така и ова ќе се оддржи без присуство на публика поради мерките за заштита од Ковид 19. Според официјалната програма, свеченото отворање е закажано за во 10 часот и 30 минути, а првите натпревари ќе започнат во 11 часот.