Џудо репрезентацијата на Македонија за помлади пионери е веќе во Пале, Босна и Херцеговина каде овој викенд ќе се одржи Балканското првенство за помлади пионери.
Боите на Македонија на ова натпреварување ќе ги бранат седум џудисти, и тоа:
Репрезентацијата е во состав од:
Доријан Петкоски -26 кг
Немања Џагадуроски -34 кг
Амар Бајрамоски -38 кг
Томи Блажевски -42 кг
Хамида Друштинац -32 кг
Емилија Паскоска -36 кг
Стефани Мицкоска -52 кг
Селекцијата ја предводи спортскиот директор на ЏФМ, Ѓорѓија Стојанов, а свој претставник Македонија ќе има и во судијата Томе Јосифоски.