Македонската џудо репрезентаџија за помлади пионери се враќа со еден златен и еден бронзен медал од Балканското првенство кое денес заврши во Пале, Босна и Херцеговина. Доријан Петкоски на доминантен начин и го донесе најсјаното одличје на Македонија во категоријата до 26 килограми, додека Томи Блажевски ја доби битката за бронзата во категоријата до 42 килограми.

Бројот на освоени медали можеше да биде и поголем, но спортската среќа и го сврте грбот на Емилија Пакоска која исто така имаше одличен настап на првенството. Солидни настапи имаа и Амар Бајрамоски, Стефани Мицкоска, Немања Џагадуроски и Хамида Друштинац, но ниту еден од нив не дојде до битка за места кои водат до победничкиот подиум.

Спортскиот директор на ЏФМ, Ѓорѓија Стојанов кој ги предводеше македонските репрезентативци е задоволен од прикажаното на спортистите и со сигурност тврди дека во овие деца има потенцијал за постигнување на уште повисоки резултати во иднина.

Во Пале присуствуваше и Претседателот на ЏФМ, г-дин Владимир Трпаноски кој присуството го искористи да ги следи настапите на нашите спортисти како и обавување на службени активности како потпретседстел во Балканската Џудо Асоциација.

На Балканското Првенство како дел од делегацијата на ЏФМ беше и судијата Томе Јосифоски, кој беше контролор на татами 3 и судеше повеќе финални борби и натпревари за трето место.