Најдобрите македонски џудисти во категорија помлади пионери ги започнаа подготовките за престојното Балканско првенство за помлади пионери кое ќе се одржи од 24 до 25 септември во Пале, Босна и Херцеговина.
Подготовките кои започнаа денес, 16 септември и ќе траат до 19 септември се оддржуваат во Струга под будното око на стручниот тим на џудо федерацијата на Македонија.
Освен за темпирање на формата, овие тренинзи ќе бидат искористени и за да се направи финалната селекција на репрезентативци кои ќе настапат на ова првенство и ќе ја претставуваат Македонија.