СКОПЈЕ – НА МАПАТА НА ЕВРОПСКОТО И СВЕТСКОТО ЏУДО!
Скопје повторно станува центар на европското и светското џудо!
За Senior European Cup – Skopje 2026, кој ќе се одржи на 19 и 20 септември, досега се пријавени над 440 џудисти од повеќе од 40 држави 4 континенти. Бројки кои говорат сами за себе и се уште една потврда дека светската џудо елита го препознава Скопје како сериозен и квалитетен домаќин.
Ова не е само уште едно големо спортско натпреварување.
Ова е резултат на посветеноста, професионалноста и одличната организација на Џудо Федерацијата на Македонија, која со секој следен меѓународен настан го гради имиџот на нашата земја на европската и светската џудо сцена.
СКОПЈЕ Е НА МАПАТА!
МАКЕДОНИЈА Е НА МАПАТА!
ЕВРОПСКОТО И СВЕТСКОТО ЏУДО ЈА ПРЕПОЗНАВА НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА!
Горди сме што најдобрите европски џудисти повторно ќе се борат на татамите во Скопје.
Добредојдовте во Скопје

