Најдобрите македонски џудисти во пионерска и кадетска конкуренција од 26ти до 30ти август ќе престојуваат во Прилеп каде што ќе се тренира и темпира формата за престојните Балкански првенства.
По завршувањето на подготовките, пионерите ќе се упатат за Грција каде на 3ти и 4ти септември ќе се оддржи Балканското првенство во џудо, додека кадетите пак својот настап на балканијадата во Турција ќе ја имаат на 10ти и 11ти септември.
Организатор на подготовките е џудо федерацијата на Македонија со поддршка на техничкиот организатор, џудо клубот Сеишин.