Македонската џудо репрезентација се наоѓа во Кожани Грција на Балканското Првенство во џудо за пионери-ки во техничка организација на Џудо Федерација на Грција.
Репрезентацијата е во следниот состав:
1. Анамарија Стојмиловска
2. Валентина Вашареска
3. Михаел Талески
4. Никола Петров
Екипата ја предводи селекторот Дејан Мицкоски а како официјален судија е Златко Кочевски. Водач на тимот е спортскиот директор Ѓорѓија Стојанов.
Денес е официјалното мерење по тежински категории по што се очекува ждребот. Натпреварите се во Сабота и Недела на 03 и 04 Септември.