Пеколните температури дополнително ја загреваат атмосферата помеѓу најдобрите македонски џудисти во сениорска и јуниорска категорија кои ги продолжуваат подготовките за претстојните Балкански првенства.

На репрезентативните подготовки кои во организација на џудо федерацијата на Македонија и техничкиот организатор, џудо клубот Дрим од сабота, 9 јули па се до среда 13 јули ќе се оддржат во Струга, сениорите ќе ги финализираат подготовките пред Балканското првенство кое на 16 и 17 јули ќе се оддржи во Пазарџик, Бугарија.

За разлика од нив, јуниорите имаат малку повеќе време да се подготват за јуниорското балканско првенство кое во последниот викенд од јули ќе се оддржи во Црна Гора.