Денес започна еден од најзначајните проекти во нашата џудо заедница — „Џудо во МВР“!

Со голема гордост ја објавуваме официјалната реализација на овој важен проект кој има за цел да ги доближи вредностите на џудото — дисциплина, почит, самоконтрола и физичка подготвеност — до припадниците на Министерството за Внатрешни Работи.

Овој проект се реализира со силна поддршка од:
Министерството за Спорт
Министерот г-дин Борко Ристовски, кој даде целосна поддршка за иницијативата и нејзина реализација. Без која поддршка овој проект немаше да биде реализиран.
Европската Џудо Унија (EJU), која го препозна значењето на овој чекор и даде меѓународна поддршка

Ова е само почеток на една поширока мисија: промовирање на спортски дух и здрави навики кај сите сектори на општеството, со џудото како средство за личен и професионален развој.

Голема благодарност до сите кои помогнаа овој проект да стане реалност!