Денес во спортската сала Спортска сала Антон Димитров општина Бутел-Скопје во организација на ЏФСМ со техничка поддршка на ЏК-Радишани-Радишани успешно се одржаа државните првенства во џудо за категории деца и кадети/ки.
На натпреварите учествуваа голем број млади џудисти од повеќе клубови од целата држава, кои прикажаа одлични борби и спортски дух.
Државното првенство свечено го отвори генералниот секретар на ЏФСМ г-дин Благоја Гешоски кој им посака успех на сите натпреварувачи и ја истакна важноста на спортот и поддршката на младите таленти.
Честитки до сите џудисти и организаторот за успешната реализација на овој значаен спортски настан! 
