Европско кадетско првенство во џудо – Скопје 2025 заврши успешно.

Од 26 до 29 јуни 2025 година, во Арената „Јане Сандански“ во Скопје, се одржа Европското кадетско првенство во џудо (U18), на кое учествуваа 421 натпреварувач од 41 држава(230 мажи,217 жени).Одлична европска џудо недела за кадети, со учество на силни индивидуални и тимски настапи, завршувајќи со шампионска титула за Франција во мешана конкуренција.На последниот ден од страна на претседателот на ЏФСМ г-дин Владимир Трпаноски беше предадено знамето на следниот домаќин Шпанија каде во Лас Палмас ќе се одржи наредното европско првенство за кадети.Со ова ЏФСМ не застанува тука продолжуваме со другите настани EYOF Европскиот куп за Јуниори и Европскиот куп за сениори.