Во пресрет на Европското Првенство за Кадети-ки-Скопје 2025, нашите претставници од кадетската репрезентација се веќе пристигнати во Скопје и ги одржаа првите заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци.
Им посакуваме успех и достојно
претставување на нашата држава.И уште ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите љубители на џудо спортот да присуствуваат на овој голем настан кој започнува во четврток со почеток во 9 часот а свеченото отварање во 16 часот.!!!
#judomacedonia
