На 19.09.2025 во Скопје С.Ц. Јане Сандански се одржа редовно годишно собрание на Џудо Федерацијата на Македонија.
На ова собрание делегатите од клубовите членки кои беа присутни ги разгледуваа редовните активности на федерацијата предвидени во дневниот ред и се разговараше за претстојните активности и новите предизвици кои ја очекуваат федерацијата.
По завршувањето на седницата на собранието, членовите на телата и органите при ЏФСМ се вратија на редовните обврски за претстојниот Европски Куп за Сениори Скопје 2025 кој се одржува следните два дена од викендот.
#judomacedonia
