СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ПРВИОТ СЕНИОРСКИ КУП ВО ЏУДО

Во свечена и спортска атмосфера, денес беше отворен првиот Сениорски куп во џудо, значаен настан кој го одбележува понатамошниот развој на џудо спортот во нашата држава. Настанот започна со поздравни обраќања од претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија г-дин Владимир Трпаноски и од преставникот на Министерството за спорт, г-дин Илија Ристески, кои ја истакнаа важноста на ваквите натпреварувања за афирмација на македонските спортисти и промоција на спортскиот дух.

Претседателот на ЏФСМ, со гордост и оптимизам, официјално го прогласи купот за отворен, посакувајќи им успех на сите учесници и фер-плеј борби.

Уште од првиот ден, македонските репрезентативци покажаа борбеност и посветеност. Нашата џудистка Александра Најдовска имаше борба за бронзен медал и покрај тоа што не успеа да се закити со медал, нејзиниот настап заслужува пофалби и претставува силен поттик за идните натпреварувања.

Џудо федерацијата продолжува со активностите за поддршка и развој на домашниот спортски кадар, со надеж дека ваквите настани ќе станат традиција и ќе бидат поттик за нови спортски успеси.
#judomacedonia