Свечено отворен Јуниорскиот куп за јуниори „Скопје 2025“ – Ива Богдановска освои бронза
Скопје, 2 август 2025 – Денес, свечено беше отворен Јуниорскиот куп за јуниори „Скопје 2025“ во организација на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФСМ). Отворањето на овој значаен настан го изврши претседателот на ЏФСМ, Владимир Трпаноски, кој ја поздрави присутната публика и учесниците, нагласувајќи ја важноста на овој куп како платформа за развој на младите таленти во џудото.
„Џудото е спорт кој не само што ги тестира физичките способности, туку и го формира карактерот на спортистите. Горд сум што можеме да го организираме ова значајно натпреварување, кое е од клучно значење за Македонија и иднината на македонското џудо“, истакна Трпаноски во своето обраќање.
Исто така со огромна гордост ја објавуваме веста дека нашата млада талентирана џудистка Ива Богдановска го освои третото место на престижниот Јуниорски куп Скопје 2025.
Честитки Ива Богдановска
Македонското џудо не застанува тука продолжуваме утре каде што ќе настапат и другите наши џудисти им посакуваме успех и среќа.,
#judomacedonia
