Скопје – домаќин на Сениорскиот Европски Куп во Џудо!

Гордо најавуваме уште еден врвен спортски настан во организација на Џудо Федерацијата на Македонија (ЏФСМ) – Сениорскиот Европски Куп во џудо, кој ќе се одржи во Скопје!

Ова е четврти голем меѓународен настан што ЏФСМ го организира оваа година по успешните:
– Европско првенство за кадети
– ЕМОФ
– Европскиот Куп за Јуниори

Секој од овие настани беше чекор напред кон позиционирање на нашата земја како респектирана дестинација на џудо мапата на Европа.

Сениорскиот Европски Куп ќе донесе врвни џудисти од цела Европа, борби со врвна техника, а Скопје ќе пулсира во знакот на џудото!
#judomacedonia