Со садење дрвjа во месноста Селце – Манастир, во близина на Прилеп, македонските џудисти го одбележаа 28 Октомври – Светскиот ден на џудото. Оваа активност беше во склоп на глобалната кампања на Интернационалната џудо федерација „Засади дрво“, со што се покажува дека џудото е многу повеќе од спорт.
На централната манифестација, на која освен раководството на Федерацијата, учествуваа спортски работници и џудисти од џудо клубовите „Сеишин“, „Пролетер“, „Прилеп“, „Санкаку“ и „Бишидо“ и претходеше конститутивната седница на Извршниот одбор на Федерацијата.
На седницата беше упатена јавна благодарност до ЈП „Национални шуми“ – Скопје, подружница „Црн бор“ – Прилеп, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ТППЕ „Прилеп“ и ДОО „Кожувчанка“ кои помогнаа во реализацијата на денешната активност.
Во текот на двата дена од викендот, роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано беше одбележен и во другите градови во Македонија со садење на неколку илјади садници.