Денес во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје се одржаа државните првенства за пионери/ки и сениори/ки, во организација на ЏФСМ.
Првенствата свечено ги отвори претставникот од Министерството за спорт, г-дин Илија Ристески, во присуство на претседателот на ЏФСМ, Владимир Трпаноски, генералниот секретар Благоја Гешоски и потпретседателот Миодраг Стојановиќ.Исто така во склоп на древните првенства се одржа и ревијална борба во која учествуваше нашиот џудиста Кристијан Стојкоски-Кико и истиот се закити со златен медал.
Настанот помина во одлична атмосфера, со голем број натпреварувачи и љубители на спортот, потврдувајќи го значењето на ваквите првенства за развојот и унапредувањето на спортот во државата.#judomacedonia

