Џудо федерацијата – најдобра национална спортска федерација за 2025 година!
Со огромна чест и гордост објавуваме дека Џудо федерацијата е избрана за најдобра национална спортска федерација за 2025 година.
На свечената церемонија, наградата ја прими претседателот на федерацијата, Владимир Трпаноски.
Ова признание е резултат на посветената работа, континуираниот развој и заедничкиот труд на сите спортисти, тренери, клубови и поддржувачи на џудото. Благодарност до сите што се дел од оваа успешна приказна!
Продолжуваме уште посилно, со уште поголеми цели! #judomacedonia
