Во организација на џудо федерацијата на Македонија и техничкиот организатор, џудо клубот Сеишин, денес во Прилеп се оддржа државното екипно првенство за сениори и сениорки односно за ветерани и ветеранки. На првенството учество пријавија 5 екипи во мешан состав, и тоа домаќинот Сеишин од Прилеп, Дрим од Струга, Ипон и Работнички од Скопје, и џудо клубот Кожувчанка од Кавадарци.

Натпреварите течеа во најдобар ред во позитивен спорски дух и без повреди, а по сумирањето на резултатите првото место му припадна на џудо клубот Ипон, втор заврши џудо клубот Сеишин, додека третото место му припадна на џудо клубот Дрим од Струга.

Интересно беше и на државното првенство за ветерани и ветеранки на кое златни медали освоија 14 џудисти и тоа:
М9/-66кг Здравески Киро
М9/-81кг Спиркоски Маке
М6/-90кг Стојановиќ Миодраг
М6/-100кг Ангелов Методија
М5/-100кг Рајков Ромео
М4/-100кг Мицкоски Горан
М5/-73кг Димоски Сашо
М4/+100кг Ристески Мартин
М5/-66кг Стојановиќ Дејан
М3/-100кг Кочески Златко
М2/-81кг Божиновски Никола
М2/+100кг Божиноски Јове
М3/+100кг Јошески Дарко
Ф2/70кг Лазарова Јованка