Јирген Клингер, експерт на европската џудо унија ќе го предводи едукативниот семинар „Развој на националниот џудо систем” кој има за цел да ја подобри работата на тренерите во џудо клубовите во Македонија.

Своите знаења и вештини, Клингер ќе ги сподели преку праткични примери и вежби, директно на татамите, што ќе биде од големо значење за сите тренери кои ќе земат учество на овој семинар.

Семинарот е во коорганизација на македонската џудо федерација и македонскиот олимписки комитет и истиот ќе се оддржи во спортската сала при општинското основно училиште Кочо Рацин во Прилеп.