Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, господинот Владимир Трпаноски беше дел од свечената прослава по повод 70 години од основањето на џудо сојузот на Словенија, која на 28ми откомври, на Светскиот ден на џудото се оддржа во Љубљана.

На свечениот прием, Трпаноски на своите домаќини предводени од претседателот на џудо сојузот на Словенија, Ловренциј Галуф им го чеситаше големиот јубилеј, истовремено посакувајќи им уште многу успеси и заеднички соработки во наредниот период.

Присуството на настанот кој ги собра претседателите на џудо федерациите од неколку европски земји, како и претседателот на европскиот олимписки комитет Спирос Капралос и на европската џудо унија, Ласло Тот, Трпаноски го искористи за тет-а-тет средби на кои се разговараше за тековните и следните проекти кои ќе придонесат за доброто на македонското џудо.