Македонската џудо репрезентација до 23 години пристигна во Сараево, Босна и Херцеговина каде викендов ќе настапи на Европското Првенство за џудисти до 23 години.
Репрезентацијата на Македонија во состав Еди Шерифовски и Андреј Чакаровски ја предводи селекторот Горан Мицкоски, официјален претставник е Потпретседателот на федерацијата Благоја Гешоски, а наш официјален судија е Катерина Николоска.
Еди Шерифовски својот настап во категоријата до 81 килограм ќе го има во сабота во 10 часот и 30 минути против украинецот Владислав Колобов, додека Андреј Чакаровски кој ќе настапи во категоријата до 90 килограми ќе се соочи со шпанецот Ориол Салвадор Масо.