Еди Шерифовски е првиот македонец кој успеал да добие борба на едно сениорско европско првенство откако со ипон го победи молдавецот Михаил Латишев, успех кој можеше да биде уште поголем ако судиите не му ја одземеа втората борба. Но, и вака, Европското првенство кое се оддржа во Софија, Бугарија ќе влезе во аналите на македонското џудо.

„Во првото коло Шерифовски го совлада молдавецот Латишев на ефективен начин со можеби еден од најубавите ипони на првенството. Победата беше на дофат и во второто коло во борбата со британецот Лашан Мохаед, но, по прегледување на борбата беше донесена дополнителна судиска одлука (diving), по што Шерифовски беше дисквалификуван. Сепак, ова не го намалува успехот кој го оствари Еди и пред кој се уште многу успешни настапи“ – ни изјави селекторот на сениорската репрезентација, Горан Мицкоски.

Добар настап имаше и нашиот втор репрезентативец, Андреј Чакаровски кој настапи во категоријата до 90 килограми.

„Андреј исто така успешно се претстави на ова Европско првенство. Во првата половина од борбата добро се носеше со својот противник Ленз Јохан од Германија, но во продолжението беше невнимателен и загуби со ипон“ – заврши Мицковски.

Двете борби на Шерифовски можете да ги погледнете на видеата подолу:

Еди Шерифовски – Прва борба

 

Еди Шерифовски – Втора борба