Џудо федерацијата за прв пат ќе организира семинар посветен на подобрување на работата на тренерите во џудо клубовите. Семинарот кој е дел од проектот „Подобри го својот клуб“ се одржува под покровителство на џудо федерацијата и европската џудо унија, и истиот е одобрен по направените состаноци во Луксембург.
Предавач на семинарот ќе биде г-дин Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција 6 ДАН, кој е лидер на проектот. На семинарот како висок претставник на ЕЏУ ќе биде присутна и г-ѓа Џејн Бриџ, потпретседател на ЕЏУ. Семинарот ќе се одржи во сабота и недела, 29 и 30 јануари 2022 година во салата на „Спортски центар КАЛЕ“, во Скопје.
Во рамките на семинарот ќе им биде обновена лиценцата за работа на постоечките џудо тренери, ќе бидат издадени и нови лиценци за работа на џудо тренерите кои ги исполнуваат условите од Правилникот за едукација и лиценцирање на џудо тренери.