На покана на претседателот на Европската Џудо Унија, г-дин Сергеј Соловеичук, а во рамките на одржувањето на Европското првенство за јуниори во Луксембург, претседателот г-дин Владимир Трпаноски во периодот од 08-12 септември 2021 година оствари работна посета на Европската Џудо Унија.

Во текот на работната посета беа направени повеќе работни состаноци со претседателот на ЕЏУ, г-дин Сововејчук, како и со дел од претседателите на комисиите при ЕЏУ, на кои состаноци беше разговарано за унапредување на џудо спортот во нашата држава, преку учества на меѓународни едукативни семинари, кампови и натпревари како и организација на едукативни семинати, кампови и натпревари во нашата држава.

Во рамките на активостите кои беа реализирани за време на работната посета на ЕЏУ, претседателот г-дин Трпаноски беше и дел од свечената церемонија на доделување на награди на учесниците на Европското првентво за јуниори во Луксембург.

Претседателот на ЕЏУ г-дин Сергеј Соловеичук работната посета на претседателот на Џудо федерацијата, г-дин Владимир Трпаноски ја оцени како доста успешна и изрази задоволство од активностите кои беа реализирани, притоа обврзувајќи се дека активно ќе помага за унапредување на џудо спортот во Македонија.