По зимската пауза, џудо натпреварите се враќаат во македонските спортски сали. Новата сезона ја отварат јуниорите и јуниорките кои овој викенд во Кавадарци ќе се борат за насловот државни прваци во своите категории.

Право на учество на државното првенство имаат џудистите родени 2002, 2003, 2004 (U21) и една старосна категорија помлади 2005, 2006, 2007 (U18) кои се регистрирани во ЏФСМ во 2022 година и имаат заверен лекарски преглед не постар од 6 месеци кај специјалист по спортска медицина, пополнети и потпишани изјава на честа и ослободување од одговорност.

Согласно програмата, свеченото отворање на првенството кое е во организација на џудо федерацијата и техничкиот организатор џудо клуб Кожувчанка од Кавадарци, ќе започне во 10 и 30 часот, а почетокот на натпреварите е закажан за во 11 часот.

За жал, поради пандемијата, вратите на спортската сала ДТВ Партизан во Кавадарци ќе останат затворени за публиката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *