Џудо репрезентацијата на Македонија на EYOF Skopje 2025
Со гордост ја претставуваме џудо репрезентацијата на Република Македонија, која ќе настапи на Европскиот младински олимписки фестивал – EYOF Skopje 2025
Оваа манифестација, која првпат се одржува во нашата земја, претставува уникатна можност за младите спортисти да ги покажат своите вештини, спортски дух и посветеност на највисоко европско ниво.Во состав на нашата репрезентација се:
Анамарија Стојмиловска
Драгица Рафтовска
Никола Петров
Дариа Јованова
Ханија Друштинац
Антонио Стојчески
Ангел Радевски
Марко Панчевски
Кристина Гошевска
Под водство на тренерите Игор Паскоски и Александар Фузевски со поддршка од Џудо Федерацијата на Македонија, тие се подготвени да ја претстават нашата држава со чест и достоинство.
Настапот на EYOF Skopje 2025 не е само спортски настан, туку и симбол на сонот, дисциплината и посветеноста на овие млади таленти. Тие се иднината на македонскиот спорт и амбасадори на нашата култура, вредности и спортски дух.
Им посакуваме успех, храброст и спортска среќа.#judomacedonia
