Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп е дел од проектот што се реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт, а во рамки на Европската недела на спортот. Тоа е повод во повеќе градови во Република Македонија да се организираат презентации на различни спортови.
Прилепскиот џудо клуб, согласно програмата утврдена во Агенцијата, е задолжен да изврши презентација на џудо спортот на плоштадот во Прилеп. Настанот ќе се одржи в среда, 26. септември во периодот од 12 до 14 часот пред споменикот на Крали Марко.
Овој настан всушност се поврзува и со прославата на јубилејот – 15 години од формирањето и успешната работа на клубот.