Македонската џудо федерација ги прогласи најдобрите за 2025 година

Денес, на пригодна свеченост, Македонската џудо федерација традиционално ги прогласи најуспешните спортисти, клубови, тренери и судии за 2025 година, со надеж за уште повисоки спортски достигнувања во Новата 2026 година.

НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТИ ВО 2025 ГОДИНА
Најуспешна помлада пионерка – Матеја Николоска
Најуспешен помлад пионер – Давид Спироски
Најуспешна пионерка – Емилија Паскоска
Најуспешен пионер – Марко Димитријоски
Најуспешна кадетка – Анамарија Стојмиловска
Најуспешен кадет – Никола Петров
Најуспешна јуниорка – Ива Богдановска
Најуспешен јуниор – Сергеј Димитриоски
Најуспешна млада сениорка (У23) – Лилјана Недановска
Најуспешна сениорка – Александра Најдоска
Најуспешен сениор – Никола Павловски

НАЈУСПЕШНИ ЏУДО КЛУБОВИ ВО 2025 ГОДИНА
ЏК МИОКИ – Скопје
ЏК СЕИШИН – Прилеп
ЏК ДРИМ – Струга

НАЈУСПЕШНИ ЏУДО ТРЕНЕРИ ВО 2025 ГОДИНА
Игор Паскоски
Дејан Мицкоски
Ѓорѓија Стојанов

НАЈУСПЕШНИ ЏУДО СУДИИ ВО 2025 ГОДИНА
Сашо Димовски
Катерина Николоска

Благодарници за посебен придонес во организацијата на меѓународните џудо настани во 2025 година добија:
Горан Мицкоски, Дејан Мицкоски, Ванчо Стојмиловски, Борче Недановски, Огнен Јовановски, Марјана Ѓорѓиоска Гоговска, Ивана Пројковска, Драгана Панкова и Ирена Силјаноска.

Благодарници за континуирана поддршка и посебен придонес за развојот на џудо спортот во 2025 година им беа доделени на спонзорите поддржувачи:
Министерство за спорт, Витаминка АД Прилеп, Раде Кончар – ТЕП, Кожувчанка ДОО, Триглав Осигурување Живот АД Скопје, Делфино Рент а Кар ДООЕЛ, Млекара БиМилк АД Битола и Аутомотив Груп Скопје.

Честитки до сите наградени и благодарност до сите кои придонесуваат за развојот на македонското џудо! Со нетрпение ја очекуваме 2026 година со нови успеси.#judomacedonia