Идентично како и нивните помлади колеги, и кандидатите за репрезентативци на ветеранската џудо селекција одржаа тренинг во повеќе градови истовремено. На 7 мај со почеток од 19 часот, македонските ветерани во џудо тренираа во Прилеп, Битола, Скопје и Штип, координирани од тренерот на репрезентацијата, Димче Џагадуроски и селекторот Киро Здравески.
Освен што ветераните покажаа дека не заборавиле на џудото, нивните тренинзи на отворено предизвикаа и големо внимание кај случајните минувачи.
Тренинзите се оддржаа со максилно почитување на протоколите за тренирање во услови на пандемија пропишани од здравствените институции.