Ива Богдановска до сребро во Подгорица

Македонската џудистка Ива Богдановска освои сребрен медал на Јуниорскиот Европски куп во Подгорица, Црна Гора. Со одлични борби во категорија до -63 килограми, Богдановска уште еднаш го потврди својот квалитет и континуираниот напредок на меѓународната сцена. Овој резултат претставува значајно охрабрување и потик за неа како и за најмладите џудисти кој треба да го следат овој пат на успехот.Џудо федерација и го честита постигнатиот резултат.#judomacedonia