Денес во спортската сала Спортска сала Јане Сандански во Скопје успешно се одржаа државните првенства во џудо за категории помлади пионери/ки и јуниори/ки.

На натпреварите учествуваа голем број млади џудисти од повеќе клубови од целата држава, кои прикажаа одлични борби, спортски дух и високо ниво на подготвеност.

Државното првенство свечено го отвори градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Дејан Митевски во присуство на претседателот на ЏФСМ г-дин Владимир Трпаноски, кој им посака успех на сите натпреварувачи и ја истакна важноста на спортот и поддршката на младите таленти.

Честитки до сите учесници, тренери и организатори за успешната реализација на овој значаен спортски настан!