Нашите џудисти на олимписки тренинг камп!

Нашите млади и талентирани џудисти — Сергеј Димитриоски, Лилјана Недановска и Ива Богдановска — се дел од престижниот Олимписки тренинг камп во Самурин, Словачка, кој се одржува од 22 до 26 септември 2025 година.

Овој камп е дел од подготовките за највисоко ниво на меѓународна конкуренција и претставува одлична можност за размена на искуства, учење од врвни тренери и спаринг со едни од најдобрите џудисти во Европа.

Им посакуваме успешни тренинзи, нови пријателства и уште еден чекор поблиску до олимписките соништа!