Македонската џудо репрезентација на балканско првенство во У23 во Тирана!
На 18 и 19 октомври во Тирана, Албанија, ќе се одржи балканското првенство во категорија до 23 години, а Македонија гордо ќе ја претставуваат:
Анамарија Стојмиловска
Ива Богдановска
Михаил Стојановски
Владимир Милчиновски
Нашите млади и талентирани џудисти ќе бидат предводени од селекторот Горан Мицковски кој со своето искуство и поддршка ќе ги води кон нови спортски успеси!
Им посакуваме многу среќа, борбен дух и гордо претставување на нашата земја! #judomacedonia
