Џудо е боречка вештина и олимписки спорт кој носи многу физички и ментални придобивки што ги уживаат неговите практичари низ целиот свет . Промовирано во 1882 година од Џигоро Кано,кој го адаптираше Џиу-џитсу, традиционална боречка уметност во Јапонија ,да стане еден од најраспространетите спортови во светот. Џудо се потпира на примена на техника, тајминг и психичка моќ, наместо да зависи од силата. Основната цел на џудо е да го фрли противникот на подот за да падне на грб или да имате контрола врз него. Обуката во џудо има многу придобивки, од кои некои ќе ги разгледаме подолу. И покрај тоа што не се потпира на употреба на сила за да се применат техниките, џудото е сериозно напорна работа. Дополнително на сето ова, многу инструктори ќе инсистираат на напорни тренинзи што можат сами по себе да бидат исцрпувачки. Обука во џудо е добар начин да додадете одредена разновидност во вашите животни активности, така што веќе не треба бесконечно да се трудите со друга неблагодарна работа.
Зголемено ниво на јачина
Оние кои тренираат џудо обично ќе забележат некои придобивки во мускулите и силата, особено ако веќе некое време не вежбале. Додека ги кревате своите партнери за обука, сепак треба да потрошите значителна количина на енергија манипулирајќи со нивната тежина. Џудото се потпира на тоа дека може да научите добри зафати и да ги искористи за да извршите фрлања. Како резултат на тоа може да очекувате дека со текот на времето ќе забележите подобрување во држењето и јачината на телото . Повеќето луѓе кои започнале со оваа боречка уметност, ќе забележат промена во составот на телото, бидејќи стануваат пообликовани и мускулести.
Поголема флексибилност
Колку сте пофлексибилни, толку полесно ќе го практицирате џудото. Подолго вежбање може да ве доведе до флексибилност, каква што нема кај обичен човек. Ако спаѓате во другата категорија на тромави луѓе, треба да очекувате брзо подобрување во оваа област. Соочувувањето на вашето тело во различни позиции за извршување фрлања ќе ви помогне да се развие подобра еластичност. Исто така, голем акцент е ставен на редовно истегнување кое може да се направи дома или на тренинг.
Подобра рамнотежа
Одржувањето на рамнотежата во џудо е клучно за успехот, особено ако сакате да се натпреварувате. Еден од клучните принципи на џудо е рушење на рамнотежата на противникот што сакате да го фрлите или да го направите помалку способен да одолее на техниката. Вашата рамнотежа ќе се подобри од обуката до позиционирање на себеси да фрлате, а најдобрите фрлања се изведуваат од силна и избалансирана база. Истотака, ќе станете посвесни за движењата на вашето тело и како тоа влијае врз вашата рамнотежа при обидот да избегнете фрлање.
Подобрена координација
За да бидете успешни во џудо, ќе треба да имате силна координација. Координацијата е важна од гледна точка на воспоставување на првиот зафат до моментот кога ќе го фрлите партнерот на душекот. Бидејќи постојано вежбате техники, ќе бидете способни да ги искористувате малите грешки и вашата координација треба да се подобри.
Побрзи рефлекси
Џудо ќе ги заостри вашите рефлекси и ќе ги скрати времињата на реакција. Кога ги учите подолг временски период движењата во џудо ќе станат инстинктивни без да размислувате. Учењето правилно да паѓате е суштинско значење за да не се повредите на душекот, исто така е одличен начин да покажете како се подобриле вашите рефлекси. Како што се подобрувате, се потешко ќе бидете фрлени и вашите рефлекси ќе треба да станат поостри за да ве чуваат безбедни. Кога ќе поминете одреден период во вежбање, ќе видите подобрување на брзината со која сте во можност да реагирате и да профитирате на мали простори, ова е знак на вашите остри рефлекси, а не само проширување на знаењето.
Зголемена самодоверба
Повеќето луѓе кои тренираат борбена вештина, не само во џудото ќе забележат зголемување на самодовербата. На моменти процесот на учење џудо може да биде фрустрирачки и да има застој во напредокот. Но кога се гледате себеси како се подобрувате и совладате нови вештини тоа е голем потик а сигурност. Кога знаете дека сте способни да научите сложени движења и техники ќе доведат до поголема самодоверба. Обука на џудо може да ја зголеми довербата во себе кога се соочувате со тешки или агресивни конфронтации. Луѓето кои научиле боречки вештини обично се многу подобри во одржувањето на мирен и ненаметлив начин во несогласувањата. Дополнително, сите овие луѓе кои тренираат џудо треба да бидат уверени дека можат да се справат со физичка пресметка доколку се сведе на тоа.
Посилен ментален став
Надминувањето на тешкотиите низ тренажниот процес е неизбежна, а тоа им помага на практичарите да градат посилен ментален став. Да знаете дека сте успеале да истраете низ вознемирувачко ситуации за да постигнете цел, ќе ви даде енергија да го сторите истото кога ќе се соочите со сличен проблем во вашиот личен живот. Разбирањето дека ќе направите грешки и дека истите овозможуваат можности за подобрување и движење напред, е одлично за развој на ментална еластичност.
Остани скромен
Скоро секој што тренира џудо, во одреден момент ќе има искуство кое ќе биде понижувачки за него. За многу почетници, ова сознание доаѓа во првите неколку сесии, обично кога ќе бидат фрлени од некој многу погруб, помал и послаб, кој добро се посветил на учење техники. Ова е изненадување за почетникот кога ќе сака да примени сурова сила. Во текот на тренирањето често се случува премногу самоуверен џудока да биде победен од некој со послаб ученички ранг, повозрасен или некој друг за кој претходно се верувал дека е инфериорен. Поради оваа причина, повеќето луѓе кои тренираат во џудо стануваат неверојатно скромни дури и кога поседуваат одлични вештини.
Поставување цел
Честопати запоставена точка во тренерската програма е поставување на индивидуални цели, но затоа џудото предвидело ученички и мајсторски рангови. На некој начин тоа би требало да го одреди нивото на вашето познавање на џудото. Но, ако вашиот тренинг во џудо не е доволен за напредок тогаш имате причина да ја подобрите вашата форма низ други фитнес програми. Ништо нема да има негативно влијание врз вашиот тренинг што ќе си дозволите да тренирате дополнително. Ако навистина сакате да добиете предност пред потенцијалниот противник тогаш се потребни дополнителни ангажмани надвор од тренинг на душеци.
Адаптација на конкуренција
Во џудото има многу можности да се натпреварувате против другите без разлика дали е тоа само малку забава, дел од редовната обука или нешто поформално како организиран настан. Конкуренцијата е одлична работа за да ве поттикне да ги подобрите своите вештини и ви го одзема стравот да се натпреварувате против вештините што ги имаат другите луѓе. Во натпреварувањето многу луѓе се изненадуваат од она што можат да го постигнат, откако претходно се сомневале во сопствените способности.
Можност за напредување
Секој тренинг ќе ги стимулира вашата ментални и моторни потенцијали. Вие сами одредувате што саката да постигнете со практицирањето на џудо. Одлуката е секогаш поразлича од очекувањата на вашите инструктори. Но доброто е што во големото семејство на џудисти ширум светот влегувате полека ,чекор по чекор, со голема желба и интерес. Можностите се широки од напредување низ појаси, освојување на медали до достигнување високи тренерски и мајсторски рангови, или обезбедување лична и професионална безбедност.
Одлична забава и дружење
Најмногу од се обуката во џудо е одличен начин да се забавувате. Повеќето клубови имаат пријателска атмосфера каде има големо чувство за другарство меѓу оние кои тренираат заедно. Тие другарства често траат доживотно. Во џудото има многу прошетки, запознавање на нови градови и држави, учење по семинари и заеднички кампови, каде се запознавате и се дружите со интересни личности. Со други зборови џудото е прифаќање на една успешна животна филозофија. Навистина нема никаков изговор да се пробате и да не го засакате џудото .
Авторот Јован Велески е член на Лекарската комисија на ЏФМ
(овој текст е во рамките на програмата за одбележување на Деновите на психологијата кои годинава ќе се оддржуваат под пораката Еден за сите, сите за еден!)