Вечерва на прославата по повод 18-от роденден на BackStage, на македонската џудо федерација и беше доделена награда за најдобро организиран спортски настан – Европското првенство за кадети Скопје 2025. Наградата во име на ЏФМ ја прими генералниот секретар Благоја Гешоски, кој се заблагодари во име на ЏФМ и во име на претседателот Трпаноски на BackStage што ги препознаа нашите напори и успеси. Оваа награда е поттик за натамошна работа, со цел организирање на идни европски и светски џудо натпревари. Среќно полнолетство на BackStage, нека ви се множат годините, успесите и популарноста!

