Претседателот на ЏФСМ Владимир Трпаноски, потпретседателот Миодраг Стојановиќ и спортскиот директор Дејан Мицкоски во посета на украинската делегација на ЕМОФ Скопје

Во рамките на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) што се одржува во Скопје, претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, заедно со потпретседателот Миодраг Стојановиќ и спортскиот директор Дејан Мицкоски, остварија официјална посета на спортската делегација од Украина.

За време на посетата, претставниците на ЏФСМ изразија срдечно добредојде до украинските спортисти, тренери и официјални лица. Посетата беше во духот на спортската соработка, пријателството и меѓународната поддршка што ја негува ЏФСМ како дел од европското спортско семејство.

Делегацијата на ЏФСМ ја истакнаа важноста на спортските манифестации како ЕМОФ за градење мостови меѓу младите спортисти од различни земји и култури. Тие ги охрабрија украинските џудисти да продолжат со посветена работа и спортски дух, посакувајќи им многу успех на натпреварувањата.

Посетата заврши во пријателска атмосфера со размена на пригодни подароци и заедничка фотографија како симбол на пријателството и спортската солидарност.