13 Ноемвриска награда за Спортски работник на годината
Џудо федерацијата на Македонија со особена чест и гордост информира дека Сојузот на спортови на Скопје денес, по повод празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје, ја додели 13 Ноемвриската награда за Спортски работник на годината на м-р Горан Мицкоски, стручен соработник во Џудо федерацијата на Македонија и член на организацискиот тим на федерацијата.
Ова признание претставува потврда за неговата исклучителна посветеност, професионализам и континуиран придонес во развојот и унапредувањето на македонското џудо. Во текот на изминатиот период, м-р Мицкоски даде значаен придонес во организацијата на повеќе меѓународни настани од највисок европски ранг, меѓу кои се:
Европско првенство за кадети (26–29 јуни 2025)
Џудо натпревари на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) (18–26 јули 2025)
Европски јуниорски куп (1–3 август 2025)
Меѓународен тренинг камп за јуниори и јуниорки (4–6 август 2025)
Европски куп за сениори (19–21 септември 2025)
Џудо федерацијата на Македонија му честита на м-р Горан Мицкоски за ова високо признание, кое е заслужена потврда за неговата долгорочна и континуирана работа во развојот на џудо спортот во нашата држава.

