Џудо клубовите „Сеишин“ и „Санкаку“ од Прилеп беа домаќини на предновогодишно дружење и на прогласувањето на најдобрите, најуспешните и најзаслужните во натпреварувачката 2019 година.
Според постигнатите резултати за најдобар е прогласен ЏК „Сеишин“ со освоени 318 бодови, пред ЏК „Пролетер“ од Прилеп со 279 и ЏК „Ипон“ од Скопје со 246 бода. Признанија и награди имаше и за најдобрите во поединци.