Со голема чест објавуваме дека нашата репрезентативка Хамида Друштинац освои бронзен медал на Балканското првенство за кадети/ки во Будва Црна Гора. Успех кој е резултат на голем труд, посветеност, дисциплина и борбен дух. И честитаме за освоениот медал и постигнатиот успех.
Исто така упатуваме честитки и до другите наши репрезентативци кои покажаа борбен дух одлични борби но не успеаа да се закитат со медал.
Македонското џудо не запира тука продолжуваме напред кон нови победи и уште поголеми успеси!