Нашата сениорска репрезентативка и олимписка стипендистка Арбреша Реџепи викендов ќе настапи на Европскиот куп во Загреб – Хрватска (EUROPEAN JUDO OPEN MEN & WOMEN Zagreb 2021 – Croatia). На европскиот куп кој се бодува за олимписката ранг листа, Арбреша Реџепи ќе настапи во категоријата до 52 килограми.
Реџепи заедно со својот тренер Горан Мицкоски, согласно протоколите на Европската џудо федерација за одржување на натпревари во време на пандемија Covid 19 кои се на највисоко ниво, по направени два негативни PCR теста во Македонија, денес отпатуваа за Загреб каде ќе следи уште еден PCR тест, пред официјалниот ждреб на натпреварот. Својот прв настап Реџепи ќе го има во сабота претпладне, за кога се зажани прелиминарните борби во категоријата до 52 килограми.
Џудо федерацијата која и во време на пандемија безрезервно го поддржа настапот на Арбреша Реџепи на Европскиот куп во Загреб и посакува одличен настап и освојување на што поголем број на бодови за олимписката ранг листа за летните олимписки игри Токио 2021.