Во рамки на своите годишни активности и согласно правилникот за работа, Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери го ажурираше списокот на џудо тренери кои имаат дозвола за работа –лиценца на 10.09.2020 година.
Списокот е ажуриран на 10.09.2020 г. , врз основа на одлуката на Дисциплинската комисија за изречена дисциплинска санкција –Забрана за вршење функција во времетраење од 1 (една) година на лицето Рубин Пеески под реден број 4 во списокот.
Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери постапи во склад со Правилникот за едукација и лиценцирање на џудо тренери, и одлучи да му биде одземена дозволата за работа –лиценцата на именуваното лице.