Кандидатите за состав на јуниорската репрезентација во џудо во четвртокот имаа заеднички тренинг кој истовремено, односно во периодот од 18 до 19 и 30 часот, се оддржа во пет градови, Прилеп, Кочани, Струга, Кавадарци и Скопје.

Тренингот на отворено во сите градови помина во добра атмосфера, со видно задоволство од страна на џудистите кои со нетрпение го очекуваат стартот на тренинзите и натпреварите.

„Како селектор изразувам голема благодарност до тренерите Трајче Марков, Ѓорѓи Стојанов, Драган Шекероски и Дејан Мицкоски кои прифатија да бидат одговорни за првиот заеднички тренинг“ – изјави за сајтот на џудо федерацијата м-р Горан Мицкоски, селектор на јуниорската репрезентација.

Се разбира, истите беа реализирани во согласност со утврдените протоколи за одвивање на тренинг на отворено во време на пандемија COVID 19, пропишани од Владата и Министерството за здравство.