Државно првенство во џудо 2025 успешно одржано!
Денес во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на ЏК Радишани, се одржа Државното првенство во џудо на Република Македонија, настан кој уште еднаш го потврди растечкото ниво и страстта за овој спорт кај нашите џудисти.
Настанот беше свечено отворен од градоначалникот на Општина Бутел, г. Дарко Костовски, кој истакна голема поддршка за Џудо Федерацијата и значењето на спортот во развојот на младите. Со пригоден говор се обрати и потпретседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, г. Миодраг Стојановиќ, кој ја нагласи важноста на континуираната работа и посветеност кон промоција на џудото во земјава.
Им благодариме на сите клубови, натпреварувачи, тренери и гости што беа дел од ова големо спортско случување.#judomacedonia