Во согласност со меѓународната регулатива, Агенцијата за млади и спорт ги информира сите џудисти и спортисти за најновите промени на Листата на забранети супстанци и за неодамна усвоениот Светски Анти-Допинг Кодекс.

Во согласност со Светската Анти-Допинг агенција, која од неодамна го усвои новиот Светски Анти-Допинг Кодекс, комисијата која работи во рамките на Агенцијата за млади и спорт во утврдениот годишен план и програма за работа за 2020 година се заложи и предложи текст „Анти-Допинг правила на НАДК Македонија“ со комплетен оригинален превод од англиски на македонски јазик, кој е унифициран во сите земји членки на WADA. Новите стандарди кои произлегуваат од овој меѓународен документ треба да се спроведат имплементираат од 1.1.2021 година.

Со донесувањето на овие правила, НАДО МКД во наредниот период ја очекуваат посериозни одговорности во насока на донесување на оперативни одлуки и активности во спортот кои произлегуваат од Светскиот Анти-Допинг Кодекс, а тоа се нови документи со кои се регулира оваа област.

Дополнително, Агенцијата за млади и спорт достави и листа на забранети супстанци – Меѓународен стандард за 2021 година која е составен дел од меѓународната конвенција против допингот во спортот. Усвојувањето на забранетата листа, како дел од конвенцијата, одобрена е од Светската Анти-Допинг Агенција и истата ќе придонесе за меѓународна хармонизација во борбата против допингот во спортот. Листата стапува во сила на 01.01.2021 година.